Врата Звижда / Бела Тукадруз

Ту где ми је чланке квасила пролећна роса,
као сузе лице, ту где сам слушао фазана и коса
и гледао коњика како јаше кроз орашје -
нека буде, Боже, нека буде моје скромно имање.
Не стари, већ млади незакржљали брестови,
нека ми праве друштво – беле трешње, црно грожђе,
детлићи и вране, облаци, возови, бурјан, петлови.
Учини, Боже, да тај брежуљак проговори чаробно,
као звиждање кошаве у вресу, као ћутање гробно!
Знам да ме ту можеш чути, где Те нико не тражи.
Осећам како је напрегнут, ту, Твој танани Слух....
Песме из романа

петак, 17. фебруар 2012.

СРБОВЛАШКИ ДРВОРЕЗ, УВОД ВО РАКОТВОРЕНАТА КНИГА / Мирослав Лукиќ


Беше тоа нешто најубаво што некогаш сум го чул,
сметајќи ги и најфилигранските медалјони на Моцарт,
звукот на окарината или овчарските тажаленки со кавал во далечината.
Се колебав, зашто се разбудив во туѓ дом, во туѓа постела.
Беше сеуште мрак во големата одаја и не знаев дали е седум
или осум часот, бидејќи пердињата беа спуштени докрај, непроѕирни.
Со цврст сон, склопчена како еж,
топла по незаборавната ноќ убавицата спиеше...
Ми се пристори дека чув некакви камбани...
Да, тие ѕвонеа од блиската Вознесенска црква,
но тоа не беше она од што се сепнав:
нивниот екот беше близок; се тркалаше по
Принциповата улица како утринен порој.
А песната што ја чув татнеше во далечината,
како да ја пееја разнежени 
девојки во некој чунот сред езеро, во магла,
или како да се слушаа хорови на ангели...
Се оттргнав леко од нејзината прегратка
и отидов до другата одаја да најдам молив и хартија.
Прејдов во другиот дел на станот, во кујната, на прсти –
за да не го разбудам никого од заспаните донашни.
Беше девет пред пладне, недела...
Додека варев кафе, мислев само на песната што се оддалечуваше.
Од тетратката за рецепти скинав еден празен лист.
Околу нозете ми се војваше мачорот, наежен од ноќта
што ја мина под ведро небо.
Низ подотворената врата го слушав шумот на блиската есен,
проаѓањето на автобусот, детските гласови, ехото на наковалната,
и не можев да најдам молив што пишува. (....)

                                          Превел од српски:
                                                Ристо Василевски

Видети више: Стихови Белатукадруза (М. Лукића) на македонском: препев Ристо Василевски

Разговор са Белатукадрузом

Поводом изласка из штампе најновије књиге песама МОАРА ПАРАСИТА

Популарни постови